Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со двата гола на Бруно Фернандеш го совладаа во контролен меч тимот на Вест хем со 2 спрема 1. Нивниот менаџер, Рубен Аморим, не крие дека е задоволен од прикажаното.
„Успеавме да постигнеме голови и тоа ни помогна да играме подобро. Имавме малку посед, се браневме добро и притискавме високо. Можеме подобро да играме со топката“ – вели Аморим.
„Работиме со играчите за подобро да ја прочитаме играта, бидејќи денеска не знаете што ќе се случи“ – рече тренерот на „црвените ѓаволи“.

