Голманот, Вања Милинковиќ-Савиќ, го напушти тимот на Торино и во наредната сезона ќе игра како позајмен во шампионот на Италија – Наполи.
Србинот кој ги поминал медицинските прегледи ќе има клаузула за задолжително откупување на неговиот договор.
Тој во претходната сезона одигра 39 натпревари за „биковите“ во сите конкуренции. На 11-ет од нив не дозволи да се затресе неговата мрежа.

