Порто го потпиша дефанзивецот Јан Беднарек од Саутемптон за 7,5 милиони евра.
29-годишниот Полјак потпиша договор до 2029 година. Откупната клаузула во договорот на играчот е 60 милиони евра.
Беднарек играше за англискиот клуб од 2017 година, со пауза во сезоната 2022/23, кога играше за Астон Вила. Дефанзивецот исто така има 69 одиграни натпревари за полската репрезентација.

