Челниците на Интер испратиле понуда од вкупни 45 милиони евра за потписот на фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, објавија медиумите во Италија.
Тоа е приближно сумата што тимот од Бергамо сакаше да ја добие за да му дозволи на напаѓачот да направи трансфер во друг клуб.
Интернационалецот од Африка во претходната сезона одигра 31 меч. Тој имаше 15 голови и 5 асистенции.

