Денеска беа формирани двојките за првото коло во фудбалскиот Куп на Македонија. Бранителот на пехарот, Вардар, ќе ја прескокне првата рунда.
Еве ги двојките
Шкендија Арачиново – Саса
Беласица – Арсими
Јенимаале – Шкендија
Карбинци – Работнички
Евротип – Силекс
Победа Валандово – Брегалница
Тетекс – Пелистер
ГФК Охрид – Брера
Љуботен – Македонија ЃП
Скопје – Тиквеш
Кожув – Шкупи
Башкими- Детонит
Екипата на Пчиња ќе биде слободна
Во првата фаза од Купот ќе се игра еден меч а доколку нема победник во регуларниот дел веднаш ќе се изведуваат пенали.

