Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Шкендија победнички се враќа од Букурешт
    Фудбал

    Шкендија победнички се враќа од Букурешт

    risteBy riste30/07/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија забележа победа на гостувањето кај ФЦСБ во Букурешт и испиша своја клупска историја. По пауза од осум години Македонија повторно ќе има претставник во групна фаза на едно натпреварување на УЕФА.

    По Вардар во сезоната 2017/18 во Лигата на Европа, сега тетовска Шкендија во најмала рака ќе настапи во групите од Конференциската лига. Тетовчани вечерва во Букурешт ја совладаа екипата на ФЦСБ со 2:1 или вкупен резултат 3:1 и со тоа обезбдеија пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Следен противник на Шкендија ќе биде Карабах.

    Во 28. минута домаќинот го отвори резултатот. Стрелец на голот беше Цисоти, кој на додавање на Бирлигеа го совлада Гаје.

    Сепак, радоста на домаќините не траеше долго затоа што Шкендија експресно реагираше. Левото крило на тетовчани, Љатифи одлично се снајде во мешаницата пред голот на ФЦСБ и легнат на земја успеа да шутира и да ја смести топката во посакуваната цел за 1:1, резултат со кој се замина на одмор. 

    Бесарт Ибраими во 80. минута повторно имаше голема шанса по една убава акција на тетовчани, топката дојде до искусниот напаѓач, кој од чиста позиција од десетина метри биеше високо над домашниот гол. Сепак, добрата игра на Шкендија беше наградена во 86. минута, кога резервистот Ване Крстевски со помош на блокот на домашната екипа ја смести топката во противничката мрежа и ѝ донесе нова победа на својата екипа во овој двомеч, а воедно и пласман во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

    Во третото коло Шкендија ќе се игра против Карабах, а во случај на неуспех се префрлува во плеј-офот од квалификациите за Лигата на Европа. Доколку Шкендија биде елиминирана есенва ќе настапи во групната фаза од Конференциската лига.

    PHOTO: FK Skendija /fb

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.