Новото засилување на Баерн Минхен, Луис Диаз, не ја криеше радоста што се приклучи на баварскиот гигант.
Колумбиецот го напушти Ливерпул за да потпише за Баерн, кој плати 75 милиони евра за неговите услуги.
„Вистинско задоволство е да се биде дел од толку голем клуб со толку голема историја. Благодарен сум и среќен што ви се приклучувам на сите вас. Чувствувам ист ентузијазам како кога ја започнав кариерата.
Моето патување досега беше неверојатно. Никогаш не помислив кога бев само момче од Баракас дека ќе стигнам до тука. Не сакам да застанам тука. Сигурен сум дека сè уште има многу да се постигне. Можете да бидете сигурни во едно: Ќе дадам сè од себе за да му помогнам на Баерн да ги оствари сите свои соништа“, напиша Диаз на социјалните мрежи.
PHOTO: FCBAYERNMUNICH

