Манчестер Сити сака да му понуди на Родри нов договор до 2029 година. Само Ерлинг Халанд ќе заработува повеќе во клубот.
Манчестер Сити има намера да го продолжи договорот со Родри, а тековниот договор помеѓу англискиот клуб и играчот од средниот ред е со важност до 30 јуни 2027 година.
Се наведува дека „Граѓаните“ се подготвени да му понудат на Шпанецот нов договор до јуни 2029 година.
Во тој случај, единствениот играч кој ќе заработува повеќе од Родри во Манчестер Сити е напаѓачот Ерлинг Халанд .
Играчот од средниот ред игра за англискиот тим од 2019 година, кога дојде од Атлетико Мадрид.

