Машката одбојкарска репрезентација на Македонија загуби со 1:3 на првиот натпревари од 49. издание на Меморијалот „Бранко Хаџииљоски Чајка“. Вечерва во Скопје одбојкарите предводени од селекторот Миленкоски, имаа добар старт и водство од 1:0 во сетови (25:23), но потоа дозволија противникот тесно да ги освои сите три наредни сета.
Во Вториот Швајцарија беше најубедлива (15:25), но во третиот и четвртиот сет испуштивме шанса да се вратиме во трка за победа (24:26, 23:25).
Утре во вториот меч на турнирот (19 ч.) Швајцарија ќе се сретне со Бугарија, а во четврток во истиот термин турнирот го затвораат Македонија и Бугарија.

