Манчестер Јунајтед официјално го потпиша напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко, за сума од 73,7 милиони фунти.
Петгодишниот договор вклучува загарантирана сума од 66,3 милиони фунти, а остатокот е во форма на додатоци.
22-годишниот Шешко беше исто така цел на Њукасл, но играчот одлучи да се приклучи на тимот на менаџерот Рубен Аморим.
„Историјата на Манчестер Јунајтед е очигледно многу посебна, но она што навистина ме возбудува е иднината.“ Со овие зборови, словенечкиот интернационалец Бенџамин Шешко го коментираше својот трансфер во Манчестер Јунајтед, кој беше официјално објавен денес.
„Кога разговаравме за проектот, стана јасно дека сè е на место за овој тим да продолжи да расте и наскоро повторно да се бори за најголемите трофеи“, додаде Шешко.
„Од моментот кога пристигнав, ја почувствував позитивната енергија и семејната атмосфера што ги создаде клубот. Јасно е дека ова е идеално место за мене да го достигнам моето максимално ниво и да ги реализирам сите мои амбиции. Едвај чекам да почнам да учам од Рубен Аморим и да почнам со моите соиграчи за да го постигнам успехот за кој сите знаеме дека сме способни заедно“, додаде напаѓачот.
Шешко беше исто така цел на Њукасл, но одлучи да се приклучи на тимот на менаџерот Рубен Аморим. Ова се случува и покрај тоа што Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на 15-то место во Премиер лигата, додека Њукасл завршија на петтото место и се квалификуваа за Лигата на шампионите, а го освоија и Лига купот.
Словенечкиот репрезентативец е третото големо засилување на „Црвените ѓаволи“ во нападот ова лето, по доаѓањето на Матеуш Куња и Брајан Мбемо.

