Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше подобра од Астакова од Русија во полуфиналето на тенискиот турнир во Куршумлиска Бања (Србија) кој се изгра со награден фонд од 35.000 долари.
Нашата тенисерка го доби полуфиналниот натпревар со 2:1 во сетови. Најнапред Астакова поведе со 1:0 откако го доби првиот сет со 6:2, а со ист резултат возврати Ѓорческа во вториот сет за израмнување на 1:1.
Решавачкиот трет сет и припадна на Ѓорческа која имаше изедначен меч до 3:3, а потоа направи брејк на сервис на противничката и дојде до предност која ја задржа до крај за 6:4 и победа на оваа средба која и донесе пласман во финалето каде што ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Булгару од Романија и Глушкова од Бугарија.

