Челзи би можел да го замени Кристофер Нкунку со Лајпциг со доплата за Чави Симонс.
Лондончани водат преговори со германскиот клуб, на кој му е потребна замена за Бенџамин Шешко , кој во саботата се пресели во Манчестер Јунајтед.
Челзи веќе постигна договор со Симонс , за кого РБ Лајпциг бара околу 70 милиони евра. „Сините“ го ценат Нкунку на 46 милиони евра. Затоа, Челзи ќе мора да плати околу 24 милиони евра дополнително за Чави Симонс.
Нкунку веќе играше за РБ Лајпциг од 2019 до 2023 година, по што се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за 60 милиони евра.

