Англискиот шампион Ливерпул тргнува по потпис на еден централен стопер до крајот на летото. Новинарот Бен Џејкобс известува дека „црвените“ се заинтересирани да потпишат играчи на возраст меѓу 18 и 22 години, а дефанзивецот на Парма, Џовани Леони, моментално е сериозна опција. Ливерпул е заинтересиран и за Марк Гуехи од Кристал Палас, верувајќи дека 25-годишникот е можеби и најдобрата опција на трансфер пазарот.
Трансферот на Гуехи е можен ако Кристал Палас се согласи да го продаде дефанзивецот за помалку од 40 милиони фунти. Палас сака да го продаде Гуехи сега бидејќи тој нема намера да го обнови договорот, кој му истекува следното лето.

