Во пресрет на денешниот реванш меч со Карабах, тренерот на Шкендија Јетон Беќири вели дека ова ќе биде еден од најтешките натпревари за тетовци оваа сезона.
„Овој натпревар ќе биде многу тежок. Карабах е силен и опасен тим. Ќе се обидеме да го покажеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да постигнеме гол. Немаме што да изгубиме. Имавме проблеми во првиот натпревар. Особено во физичка смисла. Но, можевме и да постигнеме гол. Се обидовме да го дадеме најдоброто од себе, но Карабах играше добро, особено во првото полувреме. Бевме подобри во второто полувреме. Ќе играме поагресивно и напаѓачки фудбал“, истакнал Беќири.

