Довчерашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф би можел да се пресели во германски Баер Леверкузен.
Според новинарот Флоријан Плетенберг, клубот од Леверкузен разговара за трансфер на шведскиот дефанзивец, бидејќи го ценат неговото искуство и лидерски квалитети. Покрај тоа, главниот тренер на Баер, Ерик тен Хаг, работеше со Линделоф во Манчестер Јунајтед .
Линделоф е слободен агент откако го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од минатата сезона.

