Менаџерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, изјави дека неговиот тим не е подготвен за почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Во недела, тимот е домаќин на Брентфорд во натпревар од првото коло од првенството. Форест имаше фантастична мината сезона и се квалификуваше за европските турнири. Клубот доцнеше со изборот и моментално преговара за привлекување на четири играчи.
„Многу сме далеку – многу, многу далеку, од каде што треба да бидеме. Многу сме далеку во однос на подготовката, во однос на планирањето и во однос на составот. Затоа сме многу загрижени што за два или три дена имаме натпревар од Премиер лигата – најнапорното првенство во светот. И ние сме многу далеку. Многу, многу далеку“, беше искрен Еспирито Санто за моменталната состојба на тимот.
„Плановите што ги имавме не функционираа. Подготовките не беа идеални. Немавме можност да создадеме врска меѓу играчите, што е важно. Бидејќи не знаеме какви играчи ќе имаме. Имаме играчи тука кои знаат дека ќе одат на позајмица. Имаме огромен проблем“, додаде Нуно Еспирито Санто.

