Челниците на фудбалскиот состав Барселона успеаја да ги регистрираат новите засилувања Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд за првиот сезонски меч со кој ќе се започне одбраната на титулата во Примера Дивизион.
Голманот беше донесен од Еспањол и по сите перипетии во кои беше вклучен и Тер Штеген, сепак доби дозвола да игра. Истото се случи и со Англичанецот кој е ангажиран на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Тоа значи дека двајцата ќе му бидат на располагање на тренерот, Ханси Флик, за денешниот натпревар на теренот на Мајорка.

