Дефанзивецот, Абдулај Дакур, му се приклучи на саудискиот фудбалски клуб Неом како слободен играч откако го напушти англискиот состав Евертон
„Фудбалот за мене не е само игра, тоа е сон, начин на живот. Денес е време да завртам нова страница со мојот трансфер во Неом. Книгата не е затворена, започнува ново поглавје“, рече Дакур.
Тој сега ќе игра со напаѓачот Александар Лаказет, играчот од средниот ред Амаду Коне и уште неколку други фудбалери кои претходно настапувале во Европа.

