Шпанскиот весник „Диарио АС“ пишува дека тренерот на Мајорка, Јагоба Арасате, бил лут на контроверзниот момент на вчерашниот меч со Барселона при постигнување на вториот гол за гостите од Каталонија.
„Мислам дека сите го видовме тоа. Минатата недела ни објаснија дека ако има удар во главата, играта се прекинува, а четвртиот судија пред мене му рече да застане бидејќи станува збор за удар во главата. Тој го стави свирчето во уста, сите мислевме дека дувнал, и на изненадување на сите – тој го призна голот. Не го разбирам целосно. Тој ми се обрати, за што му се заблагодарувам, и ми даде објаснување“, коментираше тренерот на Мајорка, Јагоба Арасате, по натпреварот.

