Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа голем скок на најновата листа која ја објави женската тениска асоцијација.
Таа по двете финалиња одиграни на турнирите во Србија напредуваше дури 73 позиции. Ѓорческа со 247 поени фигурира на 282 место на ВТА листата додека во двојки е рангирана на 554-то. Магдалена Стоилковска, пак, ја зазема 1425-та позиција.
Белорусинката, Арина Сабаленка останува лидер пред Ига Швјонтек од Полска и Американката, Коко Гоф.

