Француски Олимпик Марсеј е подготвен да ги продаде Адриен Рабио, доколку до крајот на преодниот рок за него дојде соодветна понуда. Интересно е што за Рабио повторно е заинтересиран тимот на Јувентус, од каде Французинот си замина минатото лето.
Според пишувањата на „Калчомеркато“, Јуве и Милан се двата тима кои имаат интерес од враќање на Рабио на Апенините.
Марсеј сака да заработи околу 15 милиони евра од продажбата на Рабио. 30-годишниот Французин има договор со францускиот клуб до крајот на новата сезона. Во кругот заинтересирани екипи за него се појавува и Болоња.

