Спортскиот директор на Барселона, Деко, имал средба со агентот на фудбалерот, Франк де Јонг, на која се разговарало за продолжување на соработката со холандскиот интернационалец.
Истата се случила во спортскиот комплекс на клубот, објави „Ел Чирингито“. Каталонците сакаат да го задржат играчот за врска како што направија неодамна и со дефанзивецот, Жил Кунде.
Во исто време и Ерик Гарсија очекува да потпише договор со шампионот на Шпанија.

