Луѓето од Интер планираат да се разделат со фудбалерот, Мехди Тареми, кој го пропушти целиот предсезонски тренинг период, објавија дел од медиумите во Италија.
33-годишниот напаѓач не се вклопува во плановите на новиот тренер, Кристијан Киву а „нероаѕурите“ се подготвени да го пуштат Иранецот без обештетување.
Тој во претходната сезона одигра 43 средби на кои постигна три гола.

