Некогашниот напаѓач на Челзи, Џими Флојд Хаселбенк, има фаворит за пехарот во Премиер лигата.
„Манчестер Сити е фаворит за освојување на титулата. Сите зборуваат за Ливерпул и мислам дека ќе биде многу блиску но, Сити е тимот што треба да се победи“ -истакна Хаселбенк кој имаше комплименти за сонародникот Тиџани Рајндерс.
„Тој нема да има толку асистенции како Де Брујне. Тој ќе биде подостапен и мислам дека ќе постигне повеќе голови од Белгиецот“ – вели поранешниот голгетер.

