Аталанта го финализираше трансферот на Никола Крстовиќ од Лече. Договорот вреди 25 милиони евра плус 10 проценти од наредната продажба на фудбалерот.
Тој е шестиот нов играч за тимот од Бергамо откако во текот на летово беа ангажирани: Никола Залевски, Одилон Косон, Камалдин Сулемана, Хонст Аханор и Марко Спортиело.
Црногорскиот интернационалец во претходната сезона во Серија А постигна 11 гола и имаше 5 асистенции.

