Фудбалскиот состав, Наполи, сака да го ангажира нашиот Елиф Елмас на позајмица за 1,5 милиони евра со можност да му го откупи договорот догодина за 11,5 милиони, објавија дел од медиумите на „Чизмата“.
Таа понуда веројатно ќе биде одбиена од германскиот Лајпциг кој бара двојно повеќе за да го пушти македонскиот репрезентативец.
Според најавите, двете страни ќе ги интензивираат преговорите.

