Kонзорциумот „БлуКо“ кој стои зад англискиот премеирлигаш Челзи се согласил да го купи Хулио Енсисо од Брајтон.
Според бројни медиумски извештаи, парагвајскиот офанзивен играч за врска ќе ја помине следната сезона во Стразбур, а потоа следното лето ќе се приклучи на лондонскиот тим, кој гледа голем потенцијал во него. И нема ништо спорно, не е ниту прв ниту последен, но она што е важно, а релевантните медиуми сè уште не откриваат, е кој ќе уплати 21.000.000 евра на сметката на Брајтон (18.500.000 фиксни + 2.500.000 бонуси).

