Екипите на аргентински Индепендиенте и Универзидад де Чиле се пред исклучување од Копа Судамерикана. Оваа одлука би можела да ја донесе КОНМЕБОЛ (Јужноамериканската фудбалска конфедерација) како казна за немирите на навивачите за време на реваншот од 1/8-финалето на турнирот.
За време на натпреварот, навивачите фрлаа измет, камења и стапови едни кон други. Натпреварот не беше завршен, а повеќе од 300 луѓе беа уапсени, околу 10 беа повредени.
Индепендиенте се обидува да го оспори своето можно исклучување од Копа Судамерикана, тврдејќи дека навивачите на Универсидад де Чиле погрешно биле поставени на горниот ред од трибините, директно над ултрасите на домашниот тим.

