Легендата на Манчестер Јунајтед, Гари Невил го изрази своето разочарување од натпреварот на неговиот поранешен клуб и екипата на Фулам во второто коло од Премиер лигата, каде избраниците на тренерот Рубен Аморим ремизираа 1-1.
„Мојот оптимизам беше малку разнишан бидејќи чувствував како повторно да се отвораат стари лузни. Мислам дека голманот е сè уште многу несигурен во себе по корнерите и ова не може да продолжи бидејќи создава тензија. Исто така, мислам дека клубот треба да реши некои проблеми во централниот среден ред. Би сакал да мислам дека Коби Мејно би можел да направи чекор напред, но очигледно е дека Рубен Аморим не го користи во моментов“, констатираше поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.

