Познатиот тренер, Ариго Саки, вели дека Макс Алегри треба да ја има целата поддршка од раководството на Милан иако „росонерите“ го загубија првиот сезонски меч и тоа на домашен терен од Кремонезе.
„ Мислам дека клубот е должен да ги поддржи тренерот и играчите. Да се изгуби првиот натпревар од сезоната не е пријатно“ – рече Саки.
„Секој што мислеше дека неколку трансфери ќе бидат доволни за Милан да се опорави од неуспехот од минатата сезона, очигледно се излажа“ – рече поранешниот тренер на Милан

