Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, вели дека има доволно опции во нападот и дека не зависи од евентуалното доаѓање на голгетерот на Њукасл, Александар Исак.
Неговата изјава доаѓа пред денешниот меч меѓу двата тима на кој дефинитивно Исак нема да биде во ростерот на домаќините бидејќи инсистира да направи трансфер кај „црвените“.
„Зависи како гледате на ситуацијата. Да, го продадовме Дарвин Нуњеш и го доведовме Уго Екитике. Џереми Фримпонг е исто така опција да игра како крило, тука е Фирц, на крајот, имаме шест играчи кои можат да покријат трите позиции во нападот“ – вели Слот.

