Основното јавно обвинителство во Штип поднело кривична пријава против родителот на фудбалерот на Шкупи со иницијали А.А кој нападна дел од младите играчи на Брегалница.
Инцидентот се случил во завршницата на мечот кога неговиот син добил црвен картон по што тој влегол на теренот и предизвикал потешки повреди кај младите фудбалери на Брегалница кои потоа беа примени во штипската болница.
43 годишниот скопјанец доби осумдневен притвор а по скратена постапка ќе следи и судење.

