Селекторот Благоја Милевски, денеска на прес-конференција зборуваше за очекувањата од двомечот кој ни следува.
„На овој список не е Агон Елези поради повреда на рамото. Последните информации се дека нема да треба операција. Со нас нема да бидат и Ашковски, Бојан Димовски и Јован Манев, што не значи дека нема да бидат повторно повикани. Првиот дуел е за проверка на она што го имаме како потенцијал, на оние со помала минутажа. Ќе пробаме тактички варијатни. Некои играчи на други позиции, ќе ја испробаме флексибилноста на тимот. Што се однесува до вториот меч, најзначајниот во оваа кампања. Максимално се подготвуваме, максимално сме сконцентрирани се надевам дека момците ќе бидат на нивото како и до сега. Проблеми секогаш имаме, но знаеме да се носиме со сите и од секаков тип. Тие што немаат клуб се надевам дека ќе го решат статусот. Познавајки ги сите играчи, сите проблеми кои ги имаат, тоа нема да им влијае врз игрите во репрезентацијата. Така било и до сега. Најважни се трите бода со Лихтенштајн “, вели Милевски.

