Капитенот на фудбалскиот состав Њукасл, Бруно Гимараеш, откри дека немал никаков контакт со соиграчот Александар Исак кој тренира оделно од екипата бидејќи сака да направи трансфер во Ливерпул.
„Тренираме наутро а тој се подготвува во друго време кога нема никој. Тоа е многу тешка ситуација и не можеме да ја контролираме“ – вели Гимараеш.
„Дефинитивно ни недостасува нашиот најдобар стрелец од минатата сезона. Се надеваме дека ќе го вратиме“ – изјави Гимареш.

