Челниците на фудбалскиот состав Нотингем Форест се заинтересирани да го купат дефанзивецот на Јувентус, Никола Савона, објави – „Скај Спорт Италија“.
Неговиот договор е валиден до 30 јуни во 2030 година. Деновиве Италијанците ја одбија првата понуда на англискиот клуб која вредеше 11 милиони евра.
22- годишниот фудбалер постигна два гола и имаше една асистенција во претходната сезона.

