Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, наскоро би можел да потпише нов договор со клубот, објавуваат италијанските медиуми.
Двете страни се заинтересирани да ја продолжат соработката и да најдат заеднички јазик околу висината на платата на Аргентинецот. Дибала во март годинава заработи потешка повреда и мораше да оди на рехабилитација.
Тој по неколку месеци надвор од стадионите, во саботата се појави на мечот со Болоња на стартот на новата сезона во Серија „А“.

