Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се враќа во Италија. Уште синоќа инсајдерот Фабрицио Романо потврди дека договор меѓу Наполи и РБ Лајпциг е постигнат, па Елмас следнава сезона ќе ја помине како позајмен во редовите на италијанскиот шампион.
Се очекува Наполи да го добие Елмас ба позајмица, но италијанскиот клуб ќе има задолжение на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор од Лајпциг. Италијанците веднаш ќе платат 2 милиони евра, а германскиот клуб ќе добие дополнителни 12 милиони евра на крајот на сезоната. Договорот ќе биде потпишан најдоцна овој викенд.

