Јувентус доцна синоќа потврди дека Николо Савона ќе ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Јуве се согласил да го продаде дефанзивецот на Нотингем Форест за 15 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.
Извршниот директор на „бјанконерите“, Демиен Комоли го потврди договорот за Скај Спорт Италија.
Младинскиот играч на Јувентус минатата сезона одигра 28 натпревари во Серија А и постигна 2 гола.

