Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»У21: Станиќ го објави списокот на фудбалери за дуелите со Полска и Италија
    Фудбал

    У21: Станиќ го објави списокот на фудбалери за дуелите со Полска и Италија

    sasoBy saso29/08/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите од квалификациите за пласман на ЕП 2027 против Полска и Италија. Новиот квалификациски циклус го отвораме на гостински терен во Краков против Полска на 5. септември, а на 9. септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го пречекуваме големиот фаворит во групата, Италија.

    На спискот на селекторот Горан Станиќ се следните фудбалери:

    Голмани:

    Васко Василев – Работнички

    Љупче Џеков – Силекс

    Славе Вргов – А.П. Брера

    Одбрана:

    Давид Даилоски – Венло (Холандија)

    Андрија Димески – Вождовац (Србија)

    Андреј Аризанкоски – А.П. Брера

    Ѓорге Џеков – Силекс

    Анес Мелиќи – Шкендија

    Нуман Ајетовиќ – Шкендија

    Меметриза Хамза – Струга Трим Лум

    Џезаир Авдули – Арсими

    Среден ред:

    Матеј Ангелов – Работнички

    Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.

    Адриан Зенделовски – Олимпик (Шведска)

    Теодор Николовски – Работнички

    Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера

    Матеј Гаштаров – Црвена Звезда (Србија)

    Напад:

    Димитар Данев – Вардар

    Димитар Трајков – Полисја (Украина)

    Михаил Талески – Вардар

    Кире Стојанов – А.П. Брера

    Дашмир Елези – Работнички

    Мухамед Елмас – Македонија Ѓ.П. „Во нашиот состав има неколку измени во однос на последниот собир и контролните натпревари кои ги одигравме против Косово. Промените ги направивме поради формата на фудбалерите. Одредени играчи го загубија местото во тимот за претстојните натпревари, но тоа не значи дека за следните предизвици нема да сметаме на нив, се разбира доколку го потврдат својот квалитет во клупските натпреаври. Комплетни сме, немаме проблем со повредени фудбалери и се надевам дека така ќе остане и после викенд натпреварите. Како стручен штаб, фокусирани сме на Полска, имаме тежок гостински натпреавар на отворањето на квалификациите, но верувам во нашиот тим. Имаме капацитет, но се разбира, мора сериозно да се подготвиме и максимално да го искористиме краткиот период за подготовки. Се надевам дека сите на прав начин ќе ја сфатат својата улога во тимот. За мечот со Италија ќе размислуваме откако ќе се вратиме во Македонија“, изјавил Станиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.