Новиот тренер на Интер, Кристијан Киву по синоќешниот пораз од Удинезе на домашен терен со 2:1 изјави дека и покрај поразот не е разочаран од играта на својот тим.
„Натпреварот одеше во вистинската насока, но ни недостасуваше флексибилност. Не можевме да ја пронајдеме вистинската тактика за да создадеме шанси. Во првата тешка ситуација за нас добивме казна, а потоа ја изгубивме будноста и концентрацијата. Беше јасно дека имаме проблеми. Не бевме ужасни. Гледам дека се уште се подобруваме. Треба да научиме да најдеме рамнотежа, фокус и за тоа ни треба напорна работа“, рече тренерот на Интер.

