Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, се осврна на вчерашната голема победа во дербито со Арсенал во рамките на третото коло во англиската Премиер лига.
„Мора да бидете одлични кога играте против Арсенал посебно против нивниот напад. Мислам дека Вирџил ван Дајк беше одличен“ – рече Слот.
„Црвените“ со максимален ефект по три кола се наоѓаат на врвот на Премиер лигата пред екипата на Челзи која заостанува два бода.

