Англискиот фудбалски состав Фулам потврди преку социјалните мрежи дека го обезбедил напаѓачот Самуел Чуквезе.
Црномурестиот играч доаѓа како позајмен од Милан со незадолжителна опција за откуп во вкупна вредност од 30 милиони евра со вклучени бонуси.
Чуквезе е стандарден репрезентативец на Нигерија. Тој има одиграно 46 мечеви на кои постигнал седум голови.

