Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека сè уште не успева најдобро да се разбере во играта со новиот играч на клубот, Уго Екитике. Салах игра во новиот напад на „црвените“ заедно со Екитике и Флоријан Вирц, а Александар Исак исто така ќе му се приклучи на тимот по паузата за репрезентативни натпревари.
Во разговор за подкаст тој објасни дека ќе биде потребно време работите да се вклопат и со Екитике и со останатите фудбалери.
„Досега не сме ја нашле врската“, вели Салах. „До Диого или Дарвин знаев од каде да почнам и каде да ги најдам. Ја знаев нивната игра многу добро, но со Уго се уште не, тој е сè уште нов. Понекогаш ми треба топката во полето. Понекогаш ми треба во простор. Се обидуваме да го сфатиме тоа, преку тренинзите или преку видеата како што гледаме“, вели Салах.

