Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не крие дека не е задоволен од лошата трансферна политика на клубот.
Тој гласно реагирал бидејќи клубот не успеа да го донесе Конор Галагер во летниот преоден рок. Аморим лично притискал за трансфер на играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид.
Португалецот исто така не е задоволен од одлуката што Јунајтед не го одобрил барањето на Коби Мајно да замине на позајмица во друг клуб.

