Новиот селектор на фудбалерите на Италија, Џенаро Гатузо, денеска ќе дебитира на мечот со Естонија во квалификациите за Мундијалот.
„Мораме да бидеме скромни но, и арогантни. Скромноста значи да се враќате назад кога нема да погодите додавање а арогантноста значи да направите тешко додавање“ – вели Гатузо.
„Бројките не се премногу значајни за мене ниту формацијата со која ќе играме. Ја анализираме Естонија два месецa. Опасни се на контра напади и мора да бидеме на висина на задачата“ – вели Гатузо.

