Канадскиот тенисер, Феликс Оже-Агер, кој загуби од Јаник Синер во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, вели дека не е разочаран од прикажаното.
„Само сакам да одвојам малку време да уживам во турнирот и во сè што беше добро. Очигледно ја градиш својата иднина а потоа се обидуваш да се подобриш“ – вели тенисерот.
„Се борев против Јаник. Имав неколку добри поени. Секако, се чувствувам конкурентен, но иднината ќе покаже колку сум блиску до нивото на Синер“ – нагласи Канаѓанецот.

