Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, верува во успех на утрешниот меч со Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот.
„ Македонија според ранкгингот е фаворит но, имаме респект кон репрезентацијата на Лихтенштајн и кон сите противници. Нема фаворити на терен, има само на хартија. Ние сме решени да го дадеме максимумот за трите бода“ – вели Милевски.
„Максимално сериозно работиме и се подготвуваме. Растодер се вклопува во тимот, сите се здрави, освен Висар Муслиу кој ќе паузира поради акумулирани жолти картони“ – изјави нашиот селектор.

