Играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити, Родри, изјави дека освојувањето на Златната топка не може да го надомести долгото отуството од стадионите поради повреда.
„Повредата беше многу позначајна од Златната топка. Наградата беше здив на свеж воздух во време кога поминував низ навистина тежок период“ – изјави Родри
„Среќен сум за признанието но, тоа не ми користи. Сè уште сакам да бидам истиот фудбалер“ – рече играчот на „црвената фурија“ и на „граѓаните“.

