Претседателот на Фенербахче, Али Коч, се огласи за отпуштањето на Жозе Мурињо. На 29 август, турскиот клуб му врачи отказ на Португалецот откако не успеа да стигне до групната фаза од Лигата на шампионите.
„Разговарав со Мурињо за потребата да играме во подоминантен стил на крајот од сезоната. Треба да постигнеме 99 гола и да освоиме 99 бода“ – рече Коч.
„Не е страшно да бидеш елиминиран од Бенфика, но начинот на кој бевме елиминирани беше неприфатлив. Ме натера да помислам дека така ќе продолжиме да играме и затоа се разделивме“ – нагласи првиот човек на турскиот фудбалски гигант.

