Раководството на Барселона одлучи дека играчот од средниот ред Гави нема да биде опериран. Младиот играч на Каталонците заработи повреда на десното колено пред паузата за репрезентативни натпревари.
Гави ќе биде подложен на конзервативен третман во следните три недели, по што ќе се процени дали може да се врати во игра. Доколку ова не успее, играчот од средниот ред ќе биде опериран.
Шпанскиот репрезентативец не играше на последниот натпревар на Каталонците против Рајо Ваљекано, а потоа ги пропушти и натпреварите на Шпанија против Бугарија и Турција.

